По неколкукратно одлагање конечно лекот Ивермектин стаса во Македонија. И министерот за здравство доц. Венко Филипче на неговата официјална фејсбук страна информира дека лекот Ивермектин од денеска е достапен за граѓаните во аптеките.
Тој напиша: „Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mgx10 во пакување, на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари.“
Она што е важно е дека лекот може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен.
„Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на ивермектин кај пациенти со COVID-19 се во тек и/или нивните крајни резултати се уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека ивермектин има поволен ефект во профилакса на COVID-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика.“ – велу Филипче.
Ал.Н.