Премиерот Зоран Заев денеска информираше дека ја прифатил понудата на српскиот претседател Александар Вучиќ и дека наскоро ќе добиеме 8000 вакцина донација од соседна Србија.
Како што информира Заев Македонија ќе добие помош од Србија во снабдувањето на вакцини против корона вирусот, 8 илјади вакцини од производителот Фајзер.
„Бараме поддршка да ни дадат помош за вакцините. Од февруари пристигнуваат вакцините и кај нас. Понудената помош од Србија ја прифативме и ќе добиеме 8 илјади вакцини од Фајзер. Ова е добар чин на солидарност на нашиот сосед, пријателството продолжува. Првите вакцини ќе се за здравствените работници, за семејствата кои имале член позитивен на Ковид-19, хронично болните лица“, истакна Заев.
А.Н.