домаБлумберг: Европа танцува на работ на катастрофа со вакцината

Блумберг: Европа танцува на работ на катастрофа со вакцината

Според податоците на Блумберг, ЕУ досега употребила околу 8,9 милиони дози вакцина за коронавирус, односно две дози на 100 жители. САД и Велика Британија вакцинираа седум, односно 10,5 жители на 100, соодветно, а Израел 43.

Бидејќи за сите одобрени дози на вакцини досега потребни се две дози, пред Европската унија е многу стрмна планина на која треба да се искачи за да се најде на вистинскиот пат, го пренесува „Индекс.хр“ пишувањето на Блумберг.

Ниту иднината не изгледа многу подобро. ЕУ имаше намера до крајот на летото целосно да вакцинира најмалку 70% од населението во сите земји-членки, но таа цел можеби повеќе не е достижна.

Европа одобри две вакцини – на „Фајзер / Бионтек“ и на „Модерна“, но нивното снабдување е недоволно. Европската агенција за лекови оваа недела треба да ги тестира вакцините на „АстраЗенека“ и на Универзитетот во Оксфорд, но британската фармацевтска компанија соопшти дека може да го намали снабдувањето за Европската унија за скоро 60 проценти во првиот квартал.

Вакцината на француски „Санофи“ нема да биде готова до крајот на 2021 година поради неуспех на тестовите, посочува Блумберг.

Последиците од овој неуспех можат да бидат катастрофални ако не се решат брзо. ЕУ досега има речиси 426.000 смртни случаи како резултат на Ковид-19, според Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

Колку подолго е потребно да се стави пандемијата под контрола, толку повеќе животи ќе бидат изгубени, наведува Блумберг и проценува дека угледот на Европската унија е доведен во прашање.

Успешната вакцинација е исто така единствениот одржлив начин да се помогне во закрепнувањето на економијата. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ