Главната награда на жирито на овогодинешниот американски фестивал на независен филм „Санденс“ беше доделена на филмот „КОДА“ на режисерката и сценаристка Шан Хајдер, додека „Улиште“ на косовската режисерка Блерта Басоли, во кој Македонија е копродуцент, освои три награди на Фестивалот на независен филм на САД меѓу кои и наградата за најдобар странски филм.
Филмот „КОДА“ (CODA) раскажува приказна за тинејџерка која треба да одлучи дали ќе продолжи да свири музика или да остане дома за да им помогне на своите родители и брат кои не слушаат. остварувањето веќе предизвика ентузијазам на социјалните мрежи, а компанијата „Епл“ ги откупи правата за прикажување на филмот за 25 милиони долари.
Филмот „ Улиште“ (Hive), покрај Големата награда на жирито за најдобар странски филм, ги освои и наградата на публиката и наградата за најдобра режија. Филмот зборува за жената Фахрија, која откако го загубила сопругот во војната, се бори повторно да го изгради својот живот на патријархалното Косово, со сите тешкотии со кои се соочува. Во филмот глуми познатата косовска актерка Илка Гаши, а филмот е копродукција на Косово, Македонија Швајцарија и Албанија.
Наградата за најдобар документарен филм ја доби „Summer of Soul (…Or, When The Revolution Could Not Be Televised)“. Авторот е музичар на „Квестлав“, а приказната е за фестивалот Харлем во Вудсток во текот на 1969 година.
Документарниот филм „Flee“ од данскиот автор Јонас Похер Расмусен, бегалска приказна за авганистанско геј момче две децении по неговото пристигнување во Данска, беше награден во категоријата најдобар странски документарец.
Фестивалот на независен филм „Санденс“ во САД почна на 28 јануари на Интернет поради пандемијата, со проекции во драјв-ин ресторани и мали независни кина. Фестивалот, основан од легендарниот актер Роберт Редфорд (84), обично се одржува во јануари и февруари во планините во американската држава Јута.А.Н.

