Министерот за здравство Роберто Сперанца доцна синоќа објави дека скијачките патеки во Италија нема да бидат отворени денес, како што беше планирано, бидејќи англиската верзија на Ковид-19 се шири со загрижувачка брзина. Според резултатите од истражувањето од 3 и 4 февруари, 20 проценти од позитивните на националната територија припаѓаат на таа мутирана варијанта. А од вчера, четири региони се преселија во „портокаловата“ зона, со рестриктивни анти-ковид мерки.
Протест е во сила во регионите каде беа воведени нови мерки, непосредно пред угостителите да подготват сè, да потрошат огромна сума пари за да се подготват за усогласеност со безбедносните мерки, туристите резервираа сместување и купија комплетна опрема за изнајмување.
Во соопштението се наведува дека Италија ги следеше мерките што веќе ги воведоа Франција и Германија, каде овој вид на вирус е многу распространет.
Се апелира е од различни санитарно-научни нивоа да се преземат итни мерки, бидејќи предвидувањата се застрашувачки, со претпоставка дека доколку англиската верзија продолжи да се шири со ова темпо, и не е единствената што влегла во Италија, нема да потрае повеќе од 4-5 недели, додека овие вируси да го надминат бројот на заразени со сегашниот автохтон вирус.
Има и такви кои сметаат дека Италија треба некое време да биде целосно затворена. На тоа апелира Валтер Ричарди, советник на министерот за здравство, професор на универзитетот „Католика“ во Рим, „за тоа време помасовна вакцинација, не е можно да се соживееме со вирусот, сега е јасно колкава е смртноста е на дневна основа“.
– Англиската варијанта на Ковид се пренесува побрзо и е нешто посмртоносна, бразилската е таква што може повторно да зарази лице кое веќе имало корона вирус, како што се случи во Перуџа, а за јужноафриканската е ограничена ефикасноста на вакцината „АстраЗенека“, а комплетното затворање на Италија би траело во зависност од времето на запирање на вирусот, две, три или четири недели – заклучува професорот Рикиарди.
– Постои само еден рецепт како да се запре ширењето на вирусот, смета микробиологот Андреа Хрисанти, масовна вакцинација, колку поголем бројот на вакцинирани, толку помалку заразени.
Но, како да се постигне тоа во Италија, каде вакцината не стигнува со ветената брзина, и не се создадени места за логистика и ангажиран персонал за масовна вакцинација?
Постојат предлози дека „ако се сака масовна вакцинација, што би довело до имунизација на околу 40 милиони жители до летото, кинеските и руските вакцини би биле добредојдени“, апелира Масимо Андреони, научен директор на италијанското здружение за инфективни и тропски болести, примариус во поликлиниката „Тор Вергата“ во Рим.
– Европската и италијанската агенција за лекови треба итно да ги усвојат, бидејќи не е можно да ги имате без таков сертификат – апелира професорот Андреони. А.Р.

