„Емисијата Џезоловка постои од 16 октомври 2014 година секој четврток во форма на радио емисија во рамките на Хрватската радио телевизија придружено со истоимена топ-листа на алтернативен џез и импровизација бит-музика од Хрватска и околината, вклучително и од соседните земји на Европската унија.
Оваа врвна листа вклучува музичари од Хрватска и целиот регион, вклучувајќи ги и околните земји на Европската унија како Австрија и Унгарија. Целта е да се запознае публиката со работата и достигнувањата на музичарите и нивните ансамбли кои се карактеристични за овие простори. Од друга страна, оваа врвна листа треба да им служи на музичарите подобро да се запознаат едни со други и да создадат услови за полесно воспоставување регионална уметничка соработка.
Топ листата работи по принципот на гласање на публиката и се ажурира секоја недела, додека на веб страната https://radio.hrt.hr/emisija/jazzolovka/1000/ постои и архива на сите досегашни емисии.
Мојот прв контакт со г. Јелена Балент – автор на емисијата беше во 2019г. кога мојата композиција “Едно Моме“ албум Параходот издаден за лејбелот Џез Фортнајт 2019, го освои второто место за таа сезона веднаш зад Биг бендот на ХРТ.
Во 2020г. Септември пред официјалната промоција на албумот Fallen Land – SJF Records 2020, 1 Октомври, насловната композиција од албумот беше поставена на топ листата и до денес е на првото место, што за мене е голем успех и признание да бидам во друштво на елитни џез регионални артисти, и секако мојата музика да биде презентирана пред сериозно-критичен џез аудиториум.„
В.Г.Парго


