Закажана беше промоција утре, 11 март, во хотел Парк, но и покрај желбата да организираат промоција на евровизиската песна со присуство на новинари, со оглед на околностите во државата, воведувањето полициски час и зголем број на заразени од корона вирусот, организаторот, МРТВ, одлучи дека сепак е подобро да не организира собир на кои сите би се изложиле на евентуална опасност и зараза.
-Песната ќе биде промовирана во четврток, 11-ти март во Дневник 1 на МТВ, со почеток во 17 часот и 30 минути, каде Васил ќе биде гостин, а од 18.00 часот песната со видео запис ќе биде достапна онлајн на официјалната јутуб платформа на Eurovision Song Contest. https://www.youtube.com/user/
Васил ќе не претставува на Евровизија 2021 со песната „Here I stand“, со неа ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во мај во Ротердам. Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата се задолжени Борче Кузмановски и Давор Јордановски.
Фотографии: Мартин Трајановски