Данска ја прекинува употребата на вакцината за коронавирус на „АстраЗенека“, пренесува „Дојче веле“.
Според здравствените власти, голем број на пациенти по примањето на вакцината развиле згрутчување на крвта.
Данската здравствена администрација во четвртокот привремено ја запре употребата на вакцината за коронавирус на „АстраЗенека“.
Ова следеше по извештајот за „сериозни случаи на згрутчување на крвта кај вакцинираните лица“, се вели во соопштението. А.Н.

