“Со мудрост до мир” – под оваа порака денеска се одржаа неколку настани во рамките на Мироносната штафета на уметникот Живко Поповски – Цветин, во чест на доаѓањето на пролетта.
На првиот ден на пролетта, во пазувите на со снег покриената Баба Планина мироносната планинарска штафета ја однесе планинарката Гордана Угриновска, со група планинари.
Во Скопје пак од страна на уметникот му беше предадена уште една Цветна шаховска штафета на Димитар Илиевски меѓународен шаховски мајстор. Во оваа пригода се одржа и цветна виртуелна изложба со песни од Кочо Рацин, Блаже Конески, Константин Миладинов, Анте Поповски, Ѓорги Ѓоргиевски, Славко Крстевски и други.









