домаЏафери се надева дека со вакцинација на пратениците Собранието ќе се врати...

Џафери се надева дека со вакцинација на пратениците Собранието ќе се врати во нормала

Како дел од критичната инфраструктура денеска во ВИП Арената А1 во Скопје со вакцината „Спутник V“ се вакцинираат пратениците од Собранието и дел од вработените во службите во законодавниот дом.

Претседателот на Собранието Талат Џафери посочи дека вакцинацијата на вработените во собраниските служби започнала минатата недела, а денеска продолжува со пратениците, посочувајќи дека не го знае точкиот број на пратеници кои се присутни за вакцинација.

-Јас поднесов список од 120 пратеници, секој од нив добива порака за терминот кој е предвиден и во која група е. Нивна лична одлука е кој ќе дојде, кој нема да дојде. Тоа не е одговорност на Собранието, тоа е волја на секој поединец – рече Џафери.

Џафери се надева дека по ревакцинацијата на пратениците ќе се овозможи посоодветна работа на Собранието и од втората половина на мај ќе се врати нормалниот начин на работа на Собранието. Тој додаде дека работата ќе се одвива со почитување на процедурите и протоколите воспоставени со одлуките и со мерките кои се преземаат од државните надлежни институции. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ