домаДигиталната изложба „На Срем“ на новата електронска платформа на Музејот на Република...

Дигиталната изложба „На Срем“ на новата електронска платформа на Музејот на Република Северна Македонија

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, 9 мај, Музејот на Република Северна Македонија го одбележува со промоција на изложбата „На Срем“, посветена на борците од Македонија кои учествуваа во завршните операции за победа над фашизмот.

-Изложбата, најпрво, ќе може да се погледне во дигитална форма на нашата нова електронска платформа „izlozba.mk“. Денешниот датум, воедно, претставува и убав повод за презентација на оваа нова дигитална алатка, на која посетителите ќе можат да ги проследат нашите тековни и идни изложби – посочуваат од Национална Установа Музеј на Република Северна Македонија.

На над 120 фотографии, селектирани од богатата фото документација зачувана во Музејот, низ слика и текст, изложбата го следи борбениот пат на македонските единици, офицери и борци и нивните премрежја на Сремскиот фронт и во завршните операции за ослободување на Југославија и за победа над фашизмот, во последните месеци од Втората светска војна. На тој начин, уште еднаш, се навраќаме на споменот на овие настани и се истакнува придонесот на нивните учесници во крајот на војната како значаен македонски придонес во заедничката ослободителна и антифашистичка борба.

Истовремено, во Музејот се одвиваат и завршните подготовки за инсталација на изложбата во живо, која, почнувајќи од 18 мај, заинтересираните посетители ќе можат да ја погледнат и со нивното физичко присуство. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ