петок, јануари 10, 2025
домаЖивотСценаЕВРОВИЗИЈА: "Јурофанс радио" направи бум вечерва! 

ЕВРОВИЗИЈА: “Јурофанс радио” направи бум вечерва! 

Валентина Ѓоргиевска Парго, акредитиран новинар на Евровизија 2021

Новото радио на евровизиските фанови, кои се обединети под логото на евровизиската организација Инфе, вечерва го имсше својот ексклузивен старост а фановите имаа можност да ја проследат премиерната емисија во живо, онлајн и на фејсбук од арената Ахој во Холандија.

Програмата ја водеше основачот Ангелос Дадалиас од Атина, кој успеа аудио да ја пренесе пробата на утрешните настапувачи, на првото полуфинале на кое настапува и нашиот претставник Васил Гарванлиев.

Секако, на радиото беше поздравен и настапот на Васил, кој денес имаше и официјална средба со претставниците на Инфе.

За време на преносот Дадалиас доби неколку стотина коментари, пофалби и прашања,од фанови и новинари од речиси сите земји во Европа, па и од Австралија. Претставничката на Малта доби најпозитивни критики, а веднаш потоа и Кипар, Белгија, Грција.

Дадалиас во улога на основач на оваа голема евровизиска организација повеќе пати учествуваше во жири и на фестивалите “Охрид фест” и “Еврофест”.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ