На 27 мај во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се возобнови најстарото детско фестивалче во државата „Распеано детство“.
На репертоарот ќе се најдат 20 нови композиции, од многубројни автори. Како гости ќе настапат и двајца изведувачи од Бугарија.
– Фестивалот по подолга пауза ќе се одржи по 16 пат. Подршката од Општина Куманово ни влева надеж дека фестивалот во иднина ќе прерасне во традиција. Фестивалот беше подготвен да се возобнови минатата година, но состојбата со Ковид пандемијата го одложија за една година, вели организатор на настанот од здружението „Етно Ризница“ од Куманово кое воедно е и организатор на „Тумба фест“, „Вечерен танц на куклите“, „Шопска свадба“, „Денови на Балканска етно ризница“ и други многубројни активности.

