Познатиот македонски актер Симеон Мони Дамевски едногласно е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Изборот е направен на неодамнешното свечено Собрание на ДФРМ, и според статутот на ДФРМ, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот.
Мони Дамевски во Кинотека на Северна Македонија ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера.

