сабота, септември 21, 2024
домаФранцузите го казнија Гугл за спор со медиумски куќи

Французите го казнија Гугл за спор со медиумски куќи

Денес, францускиот регулатор на пазарот и изрече казна од 500 милиони евра (593 милиони долари) на компанијата Гугл затоа што не ги почитуваше целосно привремените наредби издадени од регулаторот за плаќање такси за употреба на вести од радиодифузери во таа земја.

Американската технолошка група мора да даде предлози во следните два месеци за финансиски надомест на новинските агенции и другите издавачки куќи за користење на нивните вести, пренесува Ројтерс.

Доколку не го стори тоа, на компанијата и се заканува дополнителна казна до 900.000 евра на ден.

Гугл соопшти дека се многу разочарани од одлуката на францускиот регулатор.

“Ние постапувавме со добра волја во текот на целиот процес. Глобата ги игнорира нашите напори да постигнеме договор, како и реалноста за тоа како функционираат вестите на нашите платформи”, рече портпаролот на Гугл.

Тој додаде дека „Гугл е сè уште единствената компанија што најави договори за сродни права“.

Француските здруженија на издавачки куќи АПИГ, СЕПМ и агенцијата АФП го обвинуваат Гугл дека не започнал преговори со нив со добра волја со цел да најде заеднички јазик за надоместоците за користење на нивните вести на Интернет, во согласност со неодамнешната директива на Европската унија за „сродни права “. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ