домаКонцерти и изложба деновиве на „Скопско лето“

Концерти и изложба деновиве на „Скопско лето“

Вечерва, 22 јули, на програмата на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2021 е концертот на Анастасија Холц – сопран (Србија) и Билјана Петровска – пијано придружба, кој ќе се одржи во Фоајето на Националната опера и балет во 20:30 часот. Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе се регулира со билети по цена од 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на Националната опера и балет.

Утре, 23 јули, ќе се одржи изложба на артефакти, документи, фотографии и снимки од работењето на Младинското радио „Клуб 100“ плус дружба и музика од 80-тите и 90-тите во 20:00 часот во Куршумли ан. Настанот ќе биде посветен на Младинското радиото „Клуб 100“ – првото независно радио во скопскиот (македонскиот) етер – 35 години од стартувањето и 30 години од згаснувањето. Ќе настапат Деан Шкартов (Клержо), Венцислав Смаќоски (Клержо) и Влатко Каевски (Киборг). Настанот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот е слободен.

Во сабота, 24 јули, концерт со наслов „Музичка прошетка – Француски шансони“ ќе одржи Џон Илија Апелгрен со својот бенд, кој ќе започне во 20:30 часот во Куршумли ан. Аранжманите и адаптациите се на Гордан Спасовски. Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а во продажба се пуштени ограничен број на влезници по цена од 300 денари, кои ќе може да се купат „online“ на karti.com.mk и пред почетокот на настанот на влезот на Куршумли ан.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ