среда, февруари 5, 2025
дома„Сви марш на плес“ на Скопско лето

„Сви марш на плес“ на Скопско лето

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2021  најавува балетска претстава „Сви марш на плес“ (Balkan Dance Project) која ќе се одигра на 26 јули (понеделник) во Салонот на Националната опера и балет со почеток во 20.30 часот. Учествуваат танчери од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Кореограф е Игор Киров, драматург е Горан Головко, музиката е на „Бјело Дугме“, а светло мајстор е Амир Ахиќ. Балетскиот ансамбл го сочинуваат: Бранко Митровиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ.

Балетската претстава „Сви марш на плес“ нè води во електричен и измислен свет во кој песните на култниот екс-ју бенд „Бјело Дугме“ стануваат основа за раскажување на приказни за едно време и една генерација. Игор Киров, македонски кореограф со меѓународна кариера, на секому омилените и познати хитови од Бјело Дугме создава динамична балетска претстава чие дејство е грубо лоцирано во замислена младинска државна градба за време на летна работна акција во првата половина на 80-тите години на минатиот век. Нивната енергија и посветеност на модерниот балет, со музиката на Горан Бреговиќ и маестралната кореографија, гарантираат свежо и иновативно театарско доживување.

Претставата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а билетите се во продажба на karti.com.mk и на влезот на Националната опера и балет пред почетокот на настанот по цена од 400 (галерија) и 500 денари (партер).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ