домаЖивотСе одржа „Невестинско Поклонение на Свети Теодор - Тирон“ 2022

Се одржа „Невестинско Поклонение на Свети Теодор – Тирон“ 2022

Неодамна се одржа културната манифестација „Невестинско Поклонение на Свети Теодор – Тирон“ 2022.Уникатната манифестација културна манифестација „Невестинското Поклонение“ е инспирирана од еден древен обичај кој се практикувал за време на соборот пред црквата св. Теодор – Тирон, се до 1977 година кога обичајот е целосно е замрен. 33 години подоцна, по иницијатива на Стојанче Величковски од село Конопница, обичајот е возобновен во една од најатрактивните културни манифестациии од национален интерес во регионот.
Манифестацијата секоја година се одржува во кривопаланечкото село Конопница, ден по Тодорова сабота во првиот викенд од велигденските пости (годинава се одржа на 13 март).
Право на учество на манифестацијата имаат сите млади невести кои склучиле брак помеѓу две тодорови саботи, на манифестацијата снаите доаѓаат заедно со своите свекрви облечени во народни носии од својот крај.
Обичајот започнува со дотерување на носиите на учесничките, потоа невестите ги добиваат свечените поклоненички марами од идејниот творец на манифестацијата и свечената поворка во парови снаи-свекрви со тактот музичка придружба од изворни народни инстументи се упатува кон влезот на црквата во тие моменти невестите го изведуваат риуалот на поклонението. Според народните верувања токму с. Теодор Тирон е заштитник на маладите невести. По обичајот на поклонението сите млади невести, влегуваат во цркавата каде добиваат благослов за среќа, пород и слога во семејството од свештенослужителите на МПЦ. покровителот на манифестацијата градоначалникот на Крива Паланка им дарува пригодни подароци, а потоа … невестинското оро, водосветот и заедничкиот ручек.
На манифестацијата досега веќе учествувале стотина двојки, снаи и свекрви од земјата и странство.
Специјален гостин на придружната културна програма беше Шоу бендот „Три Шешира“ а настапија и најмладите играорци од КУД “8-ми Октомври” при НУЦК Крива Паланка
Покровител на манифестацијата е општина Крива Паланка, а организатор е РЗР Патник, со подршка на Месната заедница, НУ Центар за култура – Крива Паланка и Градскиот Музеј Крива Паланка.
 Организаторот упати благодарност до сите што беа дел од овогодинешната манифестација, со зборовите :
-Вашето масовно присуство е наша голема обврска да продолжиме со нашите заложби за зачувување на нематеријалното културно наследство, чувајќи го како наше најголемо богатство.Благодарност до високите гости, министерот за зелјоделство, шумарство и водостопанство, г. Љупчо Николовски, претседателката на советот, советниците од сите патии застапени во советот, ценетите гости, директори на јавни препријатија.
Особена благодарност до покровителот на манифестацијата, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски со целокупната општинска администрација, директорот на Градскиот музеј Крива Паланка, Центарот за култура Крива Паланка…
Благодарност беше упатена и до КУД 8-ми Октомври, Шоу Бендот „Три Шешира“, Ирена Белешковска (MIA), снаите и свекрвите што се одважија да бидат дел од манифестацијата, Музичката група на инструменталисти задолжена за придружба на Невестинското Поклонение, Волонтерите на Црвен Крст, Месната заедница-село Конопница, локалното население, Свештенослужителите од МПЦ-ПОА и сите добронамерници кои што ги благословија учесничките со Молитва за зајакнување на брачните врски.
Фото и видео Стојанче Величковски
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ