вторник, јануари 14, 2025
домаПОЛИТИКАСветПознати потенцијалните причини за пожарите во Лос Анџелел кои однесоа 24 животи

Познати потенцијалните причини за пожарите во Лос Анџелел кои однесоа 24 животи

Постојат неколку потенцијални причини кои доведоа до големите пожари во Лос Анџелес во кои најмалку 24 лица го загубија животот. Состојбата со невидените пожари во Лос Анџелес е сеуште алармантна, а полицијата сега наводно се фокусира на можноста пожарот да бил предизвикан од човечки фактор.

Неколку извори изјавија за „Ен-би-си њуз“ дека пожарот можеби бил предизвикан од огномет или од невнимателни кампери кои го поминувале слободното време во областа.

Тие, сепак, нагласуваат дека се уште не се донесени заклучоци, а се уште не е исклучено подметнување пожар кој однесе 24 животи и предизвика невидена материјална штета. Пожарите уништија повеќе од 40.000 хектари, а повеќе од 12.300 згради исчезнаа во пожарот, пренесува „Ен-би-си“. Најголем дел од тоа уништување беше предизвикано од првиот пожар во Палисад. Изгореа 24.000 хектари, а само 14 проценти се изгасени, пренесе „Cal Fire“.

Пожарите горат веќе една недела, а официјалните лица допрва треба да ја идентификуваат причината за некои од нив.

Многу жители на Лос Анџелес кои мораа да ги напуштат своите домови сега стравуваат дека наскоро ќе мора да се соочат со огромно зголемување на цените на киријата.

„Ен-би-си“ разговараше со семејство на кое претходниот ден му беше понудена куќа со пет спални во Санта Моника за 28.000 долари месечно, а цената на истата куќа пред една година беше половина од тоа.

Во Калифорнија е забранета практиката на покачување на цената на киријата, позната во САД како „пумпање на целите“ и секој што ќе наиде на тоа може да го пријави на властите.

„Ова е неприфатливо и незаконско“, рече Џеки Ирвин, локален функционер кој го претставува населението во Западен Лос Анџелес.

Покренато е обвинение против комуналното претпријатие „Јужна Калифорнија Едисон“, обвинителството тврди дека пожарот во Итон бил предизвикан од нивната опрема.

Едисон потврди дека противпожарните агенции истражуваат дали нивната опрема предизвикала помал пожар во областа Лос Анџелес што избувна истиот ден. Сето ова доаѓа во пресрет на најавеното враќање на силните ветрови кои се закануваат да предизвикаат нови огромни пожари.

Пожарникарите, се тврди дека сега се подобро подготвени, но дека ветровите може да ја влошат ситуацијата.

„Силните ветрови би можеле да ги приземјат авионите за гаснење пожари доколку удрат со брзина од 70 милји на час, а тој пожар би бил многу тешко да се контролира, но ние дефинитивно сме подобро подготвени сега“, рече началникот на пожарникарите во округот ЛА, Антони Мароне.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ