Најмалку две лица се убиени во училиште во источна Словачка кога ученик извршил напад со нож, јави денеска телевизијата ТА3.
Агенцијата ТАСР јави дека нападот се случил во Спишка Стара Вес.
Итната медицинска помош е на местото на настанот, јави ТА3, додавајќи дека покрај двете лица за кои е потврдена смртта, уште едно е во критична состојба.
Бројот на повредени се уште не е познат, додаде ТА3.