петок, јануари 31, 2025
домаНасловнаТрагедија во САД: Судир на патнички авион и воен хеликоптер – нема...

Трагедија во САД: Судир на патнички авион и воен хеликоптер – нема преживеани

Денеска во близина на Вашингтон, САД, се случи тешка авионска несреќа во која загинаа најмалку 19 лица. Патнички авион со 64 патници се судри со воен хеликоптер „Блек Хок“ со тројца членови на екипажот, при што двата летала паднаа во реката Потомак додека авионот се обидуваше да слета на националниот аеродром Роналд Реган.

Спасувачките екипи веднаш реагираа на местото на несреќата и досега извлекоа најмалку 30 тела од реката. Според властите, не се очекува да има преживеани.

Нуркачки тим успеа да пронајде една од двете црни кутии на авионот, што ќе биде клучно за истрагата на причините за несреќата. Потрагата по останатите тела и можни преживеани продолжува.

Оваа трагедија претставува најтешката авионска несреќа во САД од 2001 година.

Истражните органи работат на утврдување на околностите што доведоа до судирот меѓу патничкиот авион и воениот хеликоптер. Јавноста очекува повеќе информации по завршувањето на истрагата.

Ф.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ