домаЖивотСоцијална политикаУништување на контрацепција од USAID во вредност од 8,4 милиони евра: Белгиската...

Уништување на контрацепција од USAID во вредност од 8,4 милиони евра: Белгиската дипломатија преговара за да ги спаси

Белгиската дипломатија води преговори со американските власти за да го спречи уништувањето на контрацептивни средства во вредност од 9,7 милиони долари (околу 8,4 милиони евра), кои се складирани во белгискиот град Геел, соопшти во петокот белгиското Министерство за надворешни работи. Милиони кондоми и други контрацептиви се наоѓаат во магацин во Кампин, чекајќи да бидат уништени. Кондомите биле купени од страна на USAID – Американската агенција за меѓународен развој, но администрацијата на Доналд Трамп одлучила дека веќе не сака да ги дистрибуира овие залихи. За да се спречи нивното уништување, белгиското Министерство за надворешни работи стапило во контакт со американската амбасада во Брисел.

Станува збор за 26 милиони кондоми, милиони пакувања орални контрацептиви и стотици илјади имплантабилни контрацептиви. Вкупната вредност на овие производи изнесува околу 9,7 милиони долари. Се претпоставува дека дел од залихите сè уште се наоѓаат во магацин на компанијата Kuehne + Nagel во Геел, додека друг дел е складиран во Обединетите Арапски Емирати.

Една од можностите што ја разгледуваат белгиските дипломати е привремено префрлање на контрацептивите во друго складиште надвор од Геел. Многу од овие производи се веќе блиску до истекот на рокот на употреба. За белгиските дипломати и другите организации кои се загрижени за оваа ситуација, станува збор за трка со времето за да се спасат контрацептивите пред да бидат уништени во Франција.

Според британскиот весник The Guardian, било планирано тие да бидат инцерирани во Франција пред 1 август. Во средата во Франција беше започната голема петиција за да се спречи нивното уништување. И други меѓународни хуманитарни организации се обидуваат да преговараат за трансфер на производите, но засега без успех.

Подготви: А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ