домаПОЛИТИКАСвет192 новинари убиени во војната во Газа: сведоштва, имиња и приказни зад...

192 новинари убиени во војната во Газа: сведоштва, имиња и приказни зад бројките

Од 7 октомври 2023 година, кога започна војната во Појасот Газа, според податоците на Комитетот за заштита на новинари (CPJ), загинале најмалку 192 новинари. Од нив, 178 биле Палестинци, убиени од израелските сили. Последните жртви се пет новинари од катарската медиумска куќа „Ал Џазaира“, меѓу кои и познатиот репортер Анас ал-Шариф. Тие беа убиени на 10 август 2025 година во целен напад во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа, додека работеле во новинарски шатор на главниот влез на болницата.

Анас ал-Шариф (28) беше дописник кој одбиваше да ја напушти северната Газа и известуваше од местата на најжестоките напади. Остави сопруга, четиригодишна ќерка и едногодишен син. Израелската војска тврди дека бил лидер на терористичка ќелија на Хамас, но овие обвинувања ги отфрлија и „Ал Џазaира“ и организации за медиумски права.

Во истиот напад загина и новинарот Мухамед Крејкех, роден во 1992 година, кој претходно ги загуби мајка му и брат му во израелски напади.

Меѓу жртвите во војната се и Фатима Хасуна, фоторепортерка чиј документарен филм беше селектиран на Канскиот фестивал; Ахмед Мансур од „Palestine Today“, убиен заедно со уште двајца новинари во шатор за медиумски работници; и петтемина новинари на телевизијата „Ал-Кудс Ал-Јум“, убиени во напад врз нивното репортажно возило во бегалски камп.

Други загинати се Ибрахим Мухареб, кој работел за повеќе агенции, дописникот Исмаил ал-Гул и снимателот Рами ал-Рифи, Хамза ал-Дадух – син на шефот на дописништвото на „Ал Џазира“ во Газа, снимателот Самер Абу Дака, како и израелските фоторепортери Рој Идан и Јанив Зохар, кои загинаа на 7 октомври 2023 година за време на нападите на Хамас.

Од почетокот на израелската воена офанзива, според Министерството за здравство во Газа, загинале над 61.000 луѓе. Новинарите, и покрај опасностите, остануваат на првата линија, документрајќи ја трагедијата и сведочејќи за воените злосторства, што уште еднаш ја нагласува потребата од заштита на медиумските работници во зони на конфликти.

Подготви: Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ