Почисти кујни, поздрави животи: револуцијата со тенџериња под притсок во Гана зема замав

0
83

Гана ги засилува напорите за да ги одврати домаќинствата од користење огревно дрво и јаглен, кои сè уште се главен извор за готвење во дури 78 проценти од домовите. Овие традиционални горива придонесуваат за уништување на шумите, сериозно загадување на воздухот во затворени простории и зголемени јаглеродни емисии. Како одговор, владата активно промовира тенџериња под притисок за готвење – побезбедна и поефикасна алтернатива за секојдневниот живот.

Иницијативата за тенџериња под притсок има за цел да ја намали потрошувачката на дрвна маса и да ги ограничи здравствените ризици поврзани со вдишување чад, кои најмногу ги погодуваат жените и децата. Истовремено, програмата придонесува кон борбата против климатските промени и заштитата на шумските екосистеми.

Проектот е насочен кон малите земјоделци и руралните домаќинства во пет региони – Западен, Централен, Ашанти, Источен и Горен Запад – со планови за проширување и во други делови од земјата. Шпоретите се дизајнирани да користат околу 60 проценти помалку дрво од традиционалните модели и се развиваат и дистрибуираат во партнерство со компанијата Envirofit International, специјализирана за чиста енергија.

Овој проект е еден од шесте климатски мерки за ублажување на климатските промени во Гана, поддржани од швајцарската фондација KliK, која најави финансиска поддршка од околу 850 милиони долари.

Досега, повеќе од 180.000 семејства веќе се вклучени во програмата. Многумина сведочат дека трошат помалку пари за гориво и забележуваат значително намалување на здравствените проблеми поврзани со чадот. Аминату Хаким, мајка на шест деца од селото Пулима, во регионот Горен Запад, вели дека заштедените средства ѝ овозможиле повторно да инвестира во својот мал бизнис.

„Заштедата ја вложив во мојот бизнис со кромид. Сега приходите ги користам за секојдневните потреби на семејството“, вели таа. Според неа, новиот шпорет е побрз, поефикасен и значително помалку зависи од јаглен во споредба со традиционалното готвење.

Според д-р Даниел Туту Бенефо, директор на Канцеларијата за јаглероден пазар на Гана, чистите шпорети значително го олеснуваат домашниот буџет и го подобруваат јавното здравје. „Оваа технологија ги намалува чадот и токсичните емисии во домаќинствата и до 80 проценти“, истакнува тој.

Владата планира во следните три години да дистрибуира уште 500.000 чисти шпорети, со фокус на руралните и маргинализираните заедници. Во поширок контекст, околу четири од пет луѓе во Африка сè уште готват со загадувачки горива како дрво, јаглен и керозин, најчесто на отворен оган во слабо проветрени простории.

Според проценките на Светската банка, ваквиот начин на готвење предизвикува околу 600.000 предвремени смртни случаи годишно, што го прави „валканото готвење“ поголем убиец на континентот дури и од маларијата.

Ф.С.