домаЖивотСценаМакедонец го запре концертот на Лејди Гага во Сиднеј

Македонец го запре концертот на Лејди Гага во Сиднеј

Концертот на светската поп-ѕвезда Лејди Гага во Сиднеј накратко беше прекинат по инцидент на бината, кога еден од нејзините танчари се лизна и падна поради обилниот дожд. Станува збор за Мајкл Дамески – австралиски танчар со македонско потекло, чии родители се од Прилеп.

Настапот се одржуваше на отворениот стадион „Акор“ во Сиднеј, каде дождот не престанувал во текот на целата вечер, оставајќи ја бината исклучително лизгава. Лејди Гага веќе ги имаше изведено некои од своите најголеми хитови, меѓу кои „Judas“, „Poker Face“ и „Aura“, кога по околу два часа од почетокот на концертот дојде до незгодата.

По падот на танчерот од мократа бина, пејачката веднаш го прекина настапот, покажувајќи грижа за безбедноста на својот тим. Гага и танчарите се повлекоа зад сцената за да обезбедат соодветна облека и обувки за дождливите услови, по што концертот продолжи со изведби на песни како „Rain On Me“, „How Bad Do You Want Me“ и „Always Remember Us This Way“.

Мајкл Дамески е роден во Сиднеј, но неговите корени се од Македонија. Со танцување започнал уште на шестгодишна возраст, кога се пријавил на австралиско телевизиско шоу за танцување, по што неговата кариера континуирано се развивала. Денес тој е дел од врвната светска танцувачка сцена, а ја има и главната машка улога во музичкиот спот на Лејди Гага за песната „Abracadabra“.

Инцидентот, иако непријатен, уште еднаш го привлече вниманието на јавноста кон македонскиот талент кој стои рамо до рамо со најголемите имиња на светската музичка индустрија.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ