домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетКонцерт „Звуците на Македонија“ на Школка во Градскиот парк

Концерт „Звуците на Македонија“ на Школка во Градскиот парк

Оваа сабота (13 јуни) со почеток во 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк ќе се одржи концертот „Звуците на Македонија“, во изведба на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Преку богата програма исполнета со македонски народни песни и инструментални изведби, младите уметници ќе го претстават богатството на македонската музичка традиција и културно наследство.

Настанот е дел од серијата концерти со кои Факултетот за музичка уметност ја одбележува својата јубилејна година – 60 години од своето постоење .

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам и е под покровителство на Претседателката на Република Македонија.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ