домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетВо Охрид се одржува 65. Балкански фестивал на народни песни и игри...

Во Охрид се одржува 65. Балкански фестивал на народни песни и игри од 3 до 6 јули

Балкански фестивал на народни песни и игри, меѓународна фолклорна манифестација во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, од 3 до 6 јули 2026 година ќе го одбележи јубилејно 65-то реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.
Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија. Програмата е на високо ниво подржана од Министерството за култура и туризам и пријателите на фестивалот.
Програмата на фолклорните ансамбли ќе се одржуваат во големата сала во НУЦК “Григор Прличев”-Охрид со почеток во 20.30 часот, свеченото отворање на фестивалот е на 3-ти јули 2026 (петок) во терминот од 20.30 часот, со програмата на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “ТАНЕЦ”.

Програма:

03.07/петок  ОТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ

-Билјана платно белеше Куд,,Ѓердан од бисери’’ Охрид

-Целовечерен концерт на НУ.АНИП,,Танец’’Скопје

04.07/сабота

-Фолклорна група,,Копачка’’ -Драмче, Р.С.Македонија

-ФС,,Блажевски’’- Скопје, Р.С.Македонија

-ФА ,,Деволи” -Корча, Р. Албанија

-Куд ,,Отекс’’- Охрид, Р.С.Македонија

05.07/недела

-Куд ,,Тиквеш ‘’- Кавадарци, Р.С.Македонија

-Куд ,,Јане Сандански’’- Неготино,  Р.С.Македонија

– ФА ,,Копривлен’’ – Хаџимидово, Р.Бугарија

-ФА ,,Филиграни’’- Охрид, Р.С.Македонија

06.07/понеделник ЗАТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ

-Куд,,Дримкол’’ – Вевчани, Р.С.Македонија

-Државен ансамбл на Хрватска ,,ЛАДО’’ Загреб, Хрватска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ