домаКУЛТУРАЛиковна уметностОтворање на мултимедијалната изложба „Трага во времето“ на „Скопско лето“

Отворање на мултимедијалната изложба „Трага во времето“ на „Скопско лето“

Мултимедијалната изложба „Трага во времето“ ќе биде отворена на 14 јули 2026 година (вторник), со почеток во 20:30 часот, во автентичниот амбиент на Музејот на град Скопје.

Овој јубилеен чин со кој се слави културната трага во времето е во рамки на манифестацијата „Скопско лето“.

Оваа изложба е емотивно и документарно сведоштво за една извонредна музичка визија. Преку автентични фотографии, материјали и приказни, поставката претставува дел од десетгодишниот пат на денешниот Национален џез оркестар – пат исполнет со творечка посветеност, заеднички стремежи и незаборавни моменти.

Влезот е слободен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ