Националниот џез оркестар на 18 јули 2026 година ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија.
AirBeat Festival обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти.
На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез оркестар ќе се претстави пред меѓународна публика, носејќи дел од современата македонска џез сцена во атмосфера што ги поврзува музиката, културите и луѓето.

