Поранешниот француски претседател Никола Саркози е приведен на разговор во полицијата, поради истрага за финансиски нерегуларности во неговата изборна кампања. Истрагата се води во врска со либиското финансирање на кампањата на Саркози во 2007 година, пренесува Ројтерс.
Адвокатот на поранешниот француски претседател не беше достапен за коментар. Бившиот министерот и близок сојузник Саркози, Брис Ортефе, исто така, беше испрашан од полицијата, наведе Ројтерс.
Франција започна судска истрага против Саркози во 2013 година, поради наводи дека за неговиот успех на изборите во 2007 година е заслужно нелегално користење на средствата на починатиот либиски лидер Муамер Гадафи.
Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, претходно негираше дека користел било какви недозволени средства за финансирање на кампањата.