недела, ноември 17, 2024
домаЖивотСоцијална политикаМакедонска платформа против сиромаштија побара воведување на гарантиран минимален приход

Македонска платформа против сиромаштија побара воведување на гарантиран минимален приход

Македонска платформа против сиромаштија одржа прес конференција на која побара воведување на гарантиран минимален приход, под слоганот ,,Никој не заслужува помалку, сите имаат полза!”.

Македонската платформа против сиромаштија од 2010 година ја идентификуваше потребата за воведување на гарантиран приход и оттогаш преку низа активности се застапува за негово законско воведување. Во нашите активности, покрај граѓански организации и експерти во областа, најважно место имаат лицата кои ги живеат последиците од претходните лоши закони, кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост. Новата социјална реформа ќе опфати многу социјално загрозени лица ,односно со воведување на социјалната пензија, детски додаток и образовен додаток и тоа како се од витално значење за сиромашните и социјално ислучени лица.

Конечно новиот предлог закон за социјална заштита заедно со останатите закони од пакетот на социјалната реформа ќе гарантира социјална сигурност за сите граѓани, ќе превенира од сиромаштија и ќе активира. Со новите решенија се прави обид за суштинска реформа на системот на социјалната заштита и начинот на кој ќе се овозможуваат услугите од социјална заштита, и адресирање на забелешките во Извештаите на земјата од минатите години, а кои се однесуваат на системски недостатоци и недоволните капацитети на институционално ниво во социјалната заштита.

Имено, во 2016 година, е нотирано дека се потребни измени за да се воведат нови услуги, соработка помеѓу секторите за социјална заштита, образование и здравство, како и тоа дека бидејќи поддршката на паричната помош не ги дава посакуваните резултати треба да се размисли за ревизија или замена на системот.

Соодветно и Извештајот од 2018 година нотира дека е недоволен износот на основната поддршка за парични надоместоци за социјално загрозените семејства, недоволен е капацитетот на државните институции за спроведувањето на националната политика за социјална заштита кое поради тоа е ограничено, како и дека социјалните работници се претежно задолжени за административни барања, со недоволно време и внимание на терен за поддршка на оние на кои им се потребни услуги од социјална заштита.

Како и многупати до сега и денеска бараме итно и неодложно донесување на законот за социјална заштита и започнување на социјалната реформа!
Сакаме да ги потсетиме претседателот на собранието, Талат Џафери и координаторот на ДУИ Ејуп Аљими дека и Албанците не можат да кренат глава од сиромаштија. Загрижени сме и не сакаме да веруваме дека токму тие двајца се кочничарите на социјалната реформа во Парламентот. Ги повикуваме сите пратеници, да излезат надвор од своите политички стеги и
да се заложат за доброто на најранливите граѓани!

За жал, сиромаштијата стана единствената тема за која се обединуваат сите граѓани на земјата, од сите етнички групи и од сите возрасти.
Доста се ветувања и неодговорно однесување кон граѓаните. Социјалната заштита се однесува на сите нас, а ставањето крај на сиромаштијата е политичка одлука!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ