На 22 декември со почеток од 19:30 часот во Националната Опера и Балет, за прв пат пред македонската јавност „Љубојна” ќе одржи (unplugged) акустичен концерт.
Публиката во една уникатна атмосфера ќе може да ги слушне сите големи хитови на „Љубојна”.
Во моментите кога во медиумскиот етер е актуелен спотот за синглот „Севдо ле” кој е последното остварување на „Љубојна”, овој настан е уникатна можност за вистинско предновогодишно уживање.
Влезниците ќе бидат во продажба од 22 ноември (петок) преку продажната мрежа на www. kupikartizase.com.