Најголем центар на инфекција со коронавирус надвор од Кина е крстаречкиот брод „Дијамант принцез“ закотвен во јапонското пристаниште Јокохама. На него, до моментов од 3700 патници и посада, како што информираат светските медиуми, има 61 лице регистрирано со корона вирусот.
Информација за нас можеби и не толку важна, сметајќи дека Јокохама е далеку од кај нас, а и ние имаме мала веројатност македонски државјани да си дозволат едно такво лускузно патување и да се најдат на еден од најскапите крузери. Но, за беља на крузерот се регистрирани и повеќе лиаод регионот, меѓу кои и тројца од Македонија.
И додека околните држави ги најдоа своите државјани, и тоа не само од тој крузер, туку и од другиот кој е закотвен во Хонг Конг, ние не можеме да дојдеме до информациите за нашите граѓани.
Хрватска што туку информира дека на крузерот закотвен во близина на Јокохама има 6 Хрвати и дека тројца се дел од посадата, а тројца се туристи, како и дека има уште шест други на најголемиот азиски крузер „World dream“. Србија информираше дека од 14 српски државјани на „Diamond Princess“, 12 се дел од посадата, а двајца се туристи кои ги користеле услугите на крузерот. И двете држави имаат редовни контакти со нивните амбасади и 24 часовен контакт.
Кај нас пак, се уште, држвата не може да ја обезбеди таа информација, а камоли да стапи во контакт со некој од лицата кои се на бродот. На твитер страната на „Diamond Princess“ постојано се абдејтираат информации поврзани со карантинот, лицата и активностите што таму се случуваат, а се наведува дека на бродот има 24 часа интернет и дека секој може да контактира со кого сака.
Она што останува нејасно е зошто агенциите за вработување во странство, оние кои посредуваат за праќање на наши граѓани на брод не излезат со бројката колку се пратени и на кои бродови. Ако македонската дипломатија не може да го направи тоа, а се покажува дека не може, тогаш нека побара агенциите да достават листа. На крајот на краиштата тоа се наши сограѓани за кои државата е должна да се грижи.
Јапонскиот министер за здравство штотуку објави дека ако нема регистрирани нови патници со корона вирусот, карантинот ќе биде до 19 февруари.