Во соопштението на операторот на бродот закотвен во близината на Јокохама, „Diamond princess“ утрово беа соопштени нови информации за заразени од корона вирусот. Од бродот потврдија дека по последното тестирање од страна на Министерството за здравство на Јапонија, има нови шест заразени. Со тоа вкупниот број на заразени се искачи на 70, што го прави најголем центар на инфекции надвор од Кина.
Kако што пренесува Bloomberg, jапонскиот министер за здравство Катсунобу Като денеска потврдил дека официјалниот број на инфекции во земјата достигнал 26. Министерот исто така рече дека земјата ќе им даде приоритет на инспекциите на вируси на стари лица на бродот во Јокохама. На бродот има околу 600 луѓе на кои им треба лек, рече тој.
И додека трае сагата на крузерот „Diamond princess“ и се пребројуваат заразените, македонските дипломатски претставништва се уште не можат да дојдат до информациите за македонските државјани.