сабота, ноември 30, 2024
домаЖивотРегистриран првиот македонски државјанин со корона вирус

Регистриран првиот македонски државјанин со корона вирус

Јапонија потврди 44 нови случаи на корона вирусот на крузерот „Diamond princess“.  Јапонските здравствени службеници, заедно одговорните на крузерот, информираа за дополнителни 44 позитивни случаи на COVID-19 – претходно познат како  корона вирус – меѓу патниците кои се наоѓаат во карантираниот брод за крстарење на пристаништето во Јокохама. Меѓу ново заразените е регистриран и првиот македонски државјанин,  а кој на несреќниот брод бил во улога на персонал.

Од Институтот за јавно здравје информираа дека станува збор за еден од тројцатa македонски граѓани кои биле ангажирани како посада на крузерот и дека истиот вчера бил хоспитализиран во јапонска болница. Од ИЈЗ информираа дека Македонецот имал поблага форма на болеста. На крузерот остануваат уште двајцата македонски државјани, и се добри и без симптоми на Ковид-19.

Од „Diamond princess“ информираат дека во текот на следните неколку дена, јапонските здравствени службеници планираат доброволна евакуација на гостите со цел да го завршат својот карантински период. Од достапните информации, се разбра дека ова ќе биде фазен пристап,  прво ќе излезат медицински ранливите гости во првата фаза, вклучително и постари возрасни лица со претходно постојни здравствени состојби“.

Откако ќе се  тестираат оние гости ќии резултатите ќе покажат дека се позитивни ќе бидат пренесени во локалните болници. Оние чии што тестови ќе бидат негативни, ќе добијат можност да се преселат во објект на крајбрежјето, со индивидуални простории и бањи, што е  последна фаза на карантин. Гостите се „исто така добредојдени да останат“ на крузер, доколку така изберат.

„Diamond princess“ беше ставен во карантин од 3 февруари, откако се вратил од 14-дневното крстарење, а застанал во Хонг Конг и неколку други азиски пристаништа. Проблемите првично беа покренати откако 80-годишен патник кој се упати во Хонг Конг на 25 јануари, се тестираше позитивно за COVID-19.

На бродот има 2.666 патници и 1.045 персонал кога бродот се врати во Јокохама на 3 февруари, а со новите 44 инфицирани бројот на пациенти се искачи на 218 лица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ