Пациентот со корона вирус, кој бил турист на Тенерифе, е лекар од регионот на Ломбардија, Италија. Тој бил примен во болница, а на другите туристи им било забрането да го напуштат хотелот. Неколку часа подоцна се покажал позитиве и тестот на корона вирус на неговата сопруга.
Како што пренесуваат странските медиуми околу илјада туристи се ставени во карантин во хотел на Канарските острови, на југот на Тенерифе.
„За жал, во хотелот има хаос и никој не знае скоро ништо. Ни даваат вода и предупредување да останемет во собите. Има црвени ленти и полиција на излезите од хотелот и се што знаеме е дека не смееме да заминеме “, објасни извесна Викторија, Бугарка, која со сопругот и детето синоќа стасала на одмор во хотелот во кој е регистриран турист со корона вирус.
„Вратите се заклучени, сè е заклучено, целиот персонал носи маски. За жал за нас нема маски “, изјави таа за бугарскиот портал НОВА.
Во меѓувреме, заразата низ Европа продолжува да се шири. Веќе има нови случаи во јужна Италија, а и први случаи во Тоскана и на Сицилија. Денеска се потврдени и први случаи на вирусот во Австрија, Хрватска, Романија, Швајцарија, Шпанија и Алжир.
Во Европа, Италија е најтешко погодена од вирусот. Бројот на пациенти достигна 230, а 11 лица веќе починаа. И покрај драстичните мерки на ограничување, веќе има случаи на инфекција на југ – во Тоскана и Сицилија.
Нема информации дали во хотелт кој е ставен во карантин има Македонски туристи. Сепак, доколку е потребна помош, македонските граѓани можат да ја контактираат нашата амбасада во Мадрид за време на работното време од 9 до 17 часот на +34 91 571 72 98, како и преку е-пошта : madrid@mfa.gov.mk.
Подготвил:А.Н.