сабота, ноември 30, 2024
домаЖивотКои се симптомите на корона вирусот?

Кои се симптомите на корона вирусот?

Корона вирусот (СОВИД-19) практично чука на нашата врата - досега се регистрирани околу 80.000 заразени, со повеќе од 2.600 смртни случаи како резултат на оваа болест.

Со самото тоа што вирусот е регистриран и во Хрватска и во Италија, паника го зафати Балканот, при што странските експерти предвидуваат уште посилна и понасилна епидемија. Сепак, тие исто така потенцираат дека поединците можат да сторат многу за да се заштитат себеси. Здравствените работници постојано апелираат да не се шират дезинформации и паника меѓу граѓаните, а објавува и список на превентивни мерки препорачани од експерти.

Кои се симптомите на вирусот?
Првите симптоми се кашлица, висока температура и краток здив. Овие симптоми се слични на оние на други респираторни заболувања, вклучително и грип и настинка. Значи, ако имате, одговорете на овие две прашања:

Дали сте патувале на ризични места како Кина, Сингапур, Хонг Конг, Тајланд, Јужна Кореја или Италија во последните две недели? и Дали сте биле во контакт со некој кој скоро патувал на овие места?

Кога се јавуваат симптомите ?
Може да се појават уште во првите 24 часа по заразата, и во опсег од два до десет дена.

Кога да побаарте медицинска помош?
Дури и ако немате симптоми, ако неодамна сте биле во Вухан или Хубеи, дефинитивно треба веднаш да се јавите кај вашиот лекар. Истото важи и ако  сте биле во Италија, Кина, Тајланд, Тајван, Јапонија, Сингапур, Малезија или Јужна Кореја. Исто така, без оглед на симптомите, треба да се пријавите ако сте биле во контакт со заразено лице.

Како да направите карантин ако се сомневате дека сте инфицирани?
Останете дома и не излегувајте до продавница. Избегнувајте ги сите фрекфентни места.  Не користете јавен превоз или такси. Користете испорака на храна или замолете ги пријателите и семејството да ви обезбедат лекови  и храна. Не примајте посети.

Како да се заштитите од вирусот?
Хигиената на рацете е најважната и прва одбрана против вирусот. Не допирајте го лицето, очите или устата со рацете, особено ако претходно не сте ги измиле. Покрај тоа: нонесете со себе средство за дезинфекција на раце и користете го што е можно почесто додека сте на отворено. Мијте ги рацете што е можно почесто. Допирајте што е можно помалку предмети на јавни места. Не споделувајте храна со никого. Избегнувајте ракување и бакнување ако сте во област каде што вирусот циркулира. Редовно дезинфицирајте ги не само вашите раце, туку и сите површини што ги користите.

Како да ги заштите децата од корона вирус?
Можете значително да го намалите ризикот од инфекција со преземање на следниве чекори: Објаснете им како вирусите се шират и научете ги на основите на личната хигиена. Чувајте ги сите површини во куќата чисти и дезинфицирани, особено кујната, бањата и рачките на вратите. Крпите мијте ги по секоја употреба за да спречите ширење на кој било вирус. Секој да користат свои средства за хигиена како крпи, четки за заби и слично. Чувајте ја вашата куќа што е можно повеќе проветрена и одржувајте ја сува.

Дали помагаат маските?
Експертите објаснуваат дека маските од хартија не се препорачуваат затоа што не се прилепуваат на лицето и не штитат од инфекција. Покрај тоа, влагата што се вградува внатре додека дишете е совршена основа за ширење на вируси и бактерии. Сепак, оваа маска ќе ви помогне и ако сте веќе заразени и треба да одите на јавни места.

Дали се лечи корона вирусот?
Не постои едноставен лек за вирусот корона, како и што нема лек за обичната настинка. Сè што можете да направите е да се надевате дека вашиот имунолошки систем може да се справи со него. Лекарите често користат маски за кислород за да им помогнат на заразените полесно да дишат.

Кои се ризични групи?
Како и кај повеќето епидемии, најстарите и најмладите популации се најранливи. Значи, тие се со посебен ризик се лицата над 65 години, децата под 2 години и хроничните пациенти.

Дали има вакцина против корона вирусот?
Во моментов нема вакцина, а научниците ширум светот се тркаат кој ќе биде првиот што ќе ја произведе. Меѓутоа, во секој случај, вакцината нема да биде достапна најмалку една година и најверојатно прво ќе биде дистрибуирана до давателите на здравствени услуги со најголем ризик.

Што е разликата помеѓу коронавирусот и грипот?
Иако имаат слични симптоми, но се разликуваат по тоа што инкубацијата на грип е многу кратка. Симптомите се јавуваат на вториот или третиот ден откако сте заразени, додека е потребно време за корона вирусот – објаснува професорот Нил Фергусон од Империал колеџот во Лондон.

Н.Д,

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ