сабота, ноември 30, 2024
домаЖивотИспразнет „Diamond Princess“ , никој не ги спомнува македонските државјани дел од посадата

Испразнет „Diamond Princess“ , никој не ги спомнува македонските државјани дел од посадата

Од крузерот  „Diamond Princess“  најавија дека и последните членови на посадата денес и утре треба да го напуштат бродот. Србија информира дека нејзините државјани ќе го напуштат крузерот утревечер, но по излегувањето од бродот српските државјани ќе останат во Јапонија најмалку уште 14 дена во карантин.

Информација за македонските државјани нема, освен што се знае дека еден од тројцата беше позитивен на тестирањето и префрлен во локална болница во Јокохама.
Македонската амбасада во Јапонија не споделува никакви информации за нашите државјани. За разлика од кај нас, медиумите во Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора потојано информираат за состојбата со нивните државјани од крузерот кој беше најголем извор на заразата надвор од Кина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ