На социјалните мрежи денеска цел ден се објавуваат фотографии со автобуси кои тргнаа на туристички патувања низ регионот, а со цел да го прослават 8ми Март. Реакциите се воглавно негативни и тоа сега кога се превземаат мерки во сите држави, а во насока на забрана од движење и собирање на групи, а со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
И додека голем број на автобуси заминале на екскурзии, најмногу за Будимпешта, Виена, Прага, Острог и Истанбул, Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните настани со гости од странство, препораката за неодржување на поголеми јавни собири и настани, како и препораката спортските натпревари да се одржуваат без публика до 13 март 2020 година. Исто така беше најавено дека на граничните премини ќе има поостра контрола, но прашање е што може да се направи за да се спречи ширењето на вирусот доколку некои од екскурзиантите се зарази за време на патувањето?
Ако се има предвид дека Владата препорача да не се патува, патем ги забрани и училишните екскурзии, прашање е кој ќе ја сноси вината и ќе ја плати цената од ширење на заразата од лицата кои заминаа на ексурзија?
Граѓаните бараат сите патници на враќање дома да бидат ставени во 14 дневен карантин, а доколку ја прошират заразата самите да го платат лечењето на сите лица кои од нив ќе се заразат! Исто така прашање е дали ТАии и покрај препораките требаше да ги одржат екскурзиите, особено кога се знае дека дел од авионските компании ги редуцираа, а на некои дестинации и ги стопираа летовите со цел да го спречат ширењето на заразата. Дали Владата ќе ги казни оние ТАии ако преку нивните тури патници го донесат вирусот?
Н.С.