Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека властите треба да размислат за одложување на Олимписките игри во Токио за една година поради пандемијата на корона вирусот, пренесува Ројтерс.
Трамп рече дека настанот не би можел да биде ист без публика.
САД се инаку најголем учесник на Олимписките игри кои се планирани за јули годинава.
Јапонските власти се обидоа да развијат шпекулации дека настанот може да биде откажан или одложен поради пандемијата на COVID-19.