вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотПродолжува пребарувањето за телата на Кенеди: Нови детали за смртта на внуката...

Продолжува пребарувањето за телата на Кенеди: Нови детали за смртта на внуката на Роберт Кенеди

Потрагата започна во четвртокот попладне, откако властите одговорија на извештајот дека две лица во кану се превртеле во заливот Ципик, каде преовладувале силни ветрови.

Спасувачките операции се прекинати во потрага по внуката на Роберт Ф. Кенеди и нејзиниот осумгодишен син.

Мејн Кенеди Таунсенд МекКини (40) и нејзиниот син Гедеон Џозеф Кенеди Мекини не успеаја да се вратат на брегот, откако  тргнале да земат топка, во заливот Цистик во четвртокот.

Крајбрежната стража ги заврши операциите за спасување во петокот вечер, но потрагата ќе продолжи со надеж дека ќе ги пронајдат телата. Во четвртокот вечерта беше пронајден превртен кајак што се совпадна со оној што го користеа мајка и син.

Нејзиниот сопруг Дејвид Мекин потврди за „Вашингтон пост“ дека неговата сопруга и нивниот син се водат за исчезнати. Тој не кажа дали е пронајден нивниот кану.

Сепак, полицијата соопшти дека бродот што одговара на описот е пронајден во областа на заливот.

Според полицијата, двајцата наводно се качиле на канутот во обид да ја повратат топката, па силните ветрови го собориле чамецот.

Мајката на Мекинова, поранешна потпретседателка на Мериленд, Кетлин Кенеди Таунсенд, е најстарата ќерка на починатиот Роберт Ф. Кенеди и внука на починатиот претседател Џон Ф. Кенеди.

Нејзиниот брат, Роберт Ф. Кенеди јуниор, објави на Инстаграм:

– Вечерва крајбрежната стража го извести нашето семејство дека ги прекинала спасувачките операции. Останува потрагата по остатоците. Одморете се во мир, Меве и Гедеон.

Во изјавата во петокот вечер, Кетлин рече:

– Со голема тага ја споделувам веста дека потрагата по мојата сакана ќерка Меив и внукот Гедеон се претвори од операција за спасување во потрага.

Командантот на секторот на крајбрежната стража Метју Фејн за Си-Ен-Ен изјави:

– Ова беше тежок случај и уште потешка одлука да се прекине потрагата. Нашите екипи направија сè што можеа за да ги најдат. Го информираме семејството за секој чекор што го правиме, а нашите мисли се со нив вечерва.

Потрагата започна во четвртокот попладне, откако властите одговорија на извештајот дека две лица во кану се превртеле во заливот Ципик, каде преовладувале силни ветрови.

Гувернерот на Мериленд, Лери Хоган, се обрати на исчезнувањето на парот за време на брифингот за корона вирусот во петокот, за време на кој тој изрази сочувство до семејството.

„Зборував со Кетлин Таунсенд и во име на луѓето од Мериленд, искажав искрено сочувство на неа и на целото семејство за време на ова тешко време“, рече Хоган.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ