Министерот Арбер Адеми во изјава за АЛСАТ ТВ кажал дека нема амбиции за он лајн настава, но не одговорил зошто. Министерот, кој патем и самиот беше заразен од корона вирусот, одлучи да им соопшти на родителите дека услови за почнување на наставата има.
Еве јас го поканувам минситерот Адеми заедно да појдеме во училиште кое тој ќе го препорача, а потоа во училиште кое родителите ќе го препорачаат и да ги разгледаме условите во кои учениците треба да учат.
Во овој текст нема да се занимавам со сите предуслови, туку за средствата за одржување на хигиена што треба да ги има во сите училишта, начинот на кој истите се чуваат и нивната употреба.
Во прирачникот кој МОН го промовираше, а е подготвен од МЦГО во глава 6 – СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ, ОПРЕМА И АЛАТКИ многу убаво е обајснето како треба да се постапува. Затоа уште еднаш љубезно го поканувам минситерот да појде со група новинари и пред камери јавно да ни покаже како тоа функционира, бидејќи нели УСЛОВИ ИМА.
Мене еве ме интересира да ни ги објаснат етикетите на средставата за чистење што ги користат и сакам да видам како ги имаат обележано. Во препораките се вели следново:
Етикетите со предупредување посочуваат дека кога се користат нормални мерки на
претпазливост, производот нема да предизвика сериозни здравствени проблеми кај
хигиеничарите. Подолу се наведени етикетите за предупредување за производите
кои обично ги користат хигиеничарите:
ПРЕТПАЗЛИВОСТ: најниско ниво на опасност Може да настане мала или умерена
повреда. Може да ја иритира кожата и очите. Ако дојде во допир со очите или кожата,
темелно исплакнете со вода 15 минути. Повикајте лекар. При вдишување може да го
иритира респираторниот тракт. Ако испарувањето на средството ве иритира, одете
на свеж воздух, по можност на отворено додека не престане иритацијата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: средно ниво на опасност Може да настане смрт или сериозна
повреда. Ја иритира кожата и очите во допир со средството. Ако дојде во допир
со очите или со кожата, темелно исплакнете со вода 15 минути, а потоа повикајте
лекар. Може да биде штетно или смртоносно, ако се проголта. Во тој случај, испијте
два литри вода или млеко или јадете леб натопен во млеко и масло за готвење.
ОПАСНОСТ: највисоко ниво на опасност Неминовна опасност. Корозивно; ги
оштетува ткивата; отров. Овој производ/хемикалија предизвикува оштетување на
очите и на кожата. Штетно или смртоносно е ако се проголта. Не смее да стапи во
допир со очите, кожата или облеката. Носете заштитни очила и гумени ракавици
при ракување со средството. Избегнувајте контаминација на храната. Немојте
повторно да ги користите празните садови во кои било чувано средството. Темелно
исплакнете го празниот сад и фрлете го.
Подолу во препораките се вели, пак, дека во училиштето треба да има плакар кој треба да биде лоциран на соодветно место во училиштето, каде што
ќе се чуваат средствата и опремата за одржување хигиена, а ќе биде на разумна
оддалеченост од училишните простории кои најчесто се чистат. Хигиеничарите се
одговорни да го одржуваат плакарот чист, уреден, и без отпадоци.
Стои и следново:
За да се спречи контаминација и пренесување на нечистотијата од едно на друго
место, при одржувањето хигиена се препорачува користење крпи со различни бои
(пр. да се спречи случајно користење на крпите со кои се чистеле тоалетите, да се
чистат училници). Добра практика е хигиеничарите да смислат свои комбинации
на бои за одредени потреби, но може да се користи и меѓународно прифатениот
систем на бои:
X Црвено за деловите со висок ризик за контаминација, како тоалети, школка и писоари;
X Жолто за просториите со низок ризик за контаминација, како мијалници
и огледала;
X Сино за универзално чистење (бришење прав, прозорци, клупи, итн.) во
другите делови од објектот;
X Зелено за деловите каде што се приготвува или служи храна.
Доколку едно училиште го има ова, јас моето дете веднаш ќе го пуштам во училиште!
Експертите сметаат дека универзалниот детергент и крпата од микрофибер се доволни за да се намали бројот на бактерии или патогени микроорганизми на повеќето
површини за да се одржува прифатливо ниво на хигиена. Крпите од микрофибер може да отстранат до 99% од бактериите од непорозни површини и предмети.
За да се избегне вкрстена контаминација, мора да се користат крпи за чистење различни делови, ако е можно, во различни бои. Валканата крпа за чистење, особено ако е оставена да стои во валкан раствор, може да биде резервоар на
бактерии кои служат како извор на вкрстена контаминација во училиштата.
Неколкупати пишував и пак ќе напишам, не само што немаат доволно крпи за чистење, туку со една чистат се. Доколку министерот Адеми има други сознанија го молам да ги сподели со нас!
Речиси и да нема училиште кое не користи белило (варакина) поради
бројните видливи предности, како што се ниската цена, достапноста и универзалната
намена. Но, неодамнешните истражувања покажуваат дека има повеќе негативните ефекти по здравјето на корисниците и за животната средина, отколку позитивни Затоа, на училиштата им се препорачува да најдат подобра алтернатива која нема да го загрозува здравјето и животната средина. Но, која е алтернативата очекувам министерот Адеми да ни објасни!
И да не должам многу, ако има одговор само на ова ќе биде доволно да не убеди во напорите да ги пуштиме дацата. Препораките дека секое училиште треба да се залага за заштита на животната средина и да користи еколошки средства за чистење, се уште е замислена именка кај нас. Училиштата кај нас уште користат токсични хемикалии во средствата за чистење, со цел да им е поефтино, а тоа што пече, мириса нема врска. Но, еве ако Адеми знае дека е поинаку нека ни покаже.
Го очекувам министерот Адеми да не прошета низ училиштата и да ни го покаже условите.
Н.Доковска