недела, декември 22, 2024
домаЖивотСоцијална политикаАјде, сите, во „Концепт центарот Една може!/Една прави“

Ајде, сите, во „Концепт центарот Една може!/Една прави“

Единствената активна граѓанска „грас рут“ организација за унапредување на права на членки и членови на еднородителски семејства во Македонија, „Една може!“ го најавува настанот кој се одржува во „Концепт центарот Една може!/Една прави“. Настанот ќе се одржи во среда, 20 декември 2017, од 13.00 до 16.00часот. На Ул. Народен фронт бр.5/9

Детска празнична претстава, Дедо мраз со пакетчиња за 140 дечиња, со поддршка на „Телеком Фондација“, ќе бидат споделени со дечињата од еднородителските семејства, членки на „Една може!“

Истовремено, ќе сподели пакети со гардероба, празнични украси и играчки и бебешки суплементи, кои ги собрале во заедничка акција со најхуманата Ординацијата на Др. Ѓорги Паскалов, традиционано, втора година по ред.

„Нашите деца заслужуваат топла облека, играчки, и радост и безгрижност за празниците, исто како и сите деца, затоа се обединивме, ние, силните мајки од „Една може!“, и покажуваме заедно со нашите емпатични пријатели/ки, што значи реална грижа и љубов. Истовремено работиме на унаредување на правата преку системско решавање на досега игнорирачките пракси кон овој вид на семејства, но и преку детабуизирање, дестигматизирање и сензибилизација, и на самата целна група, на граѓаните и на тромавите и инертни институции и државни службеници. А 2017 година ќе ја запомниме по земање на судбината во сопствени раце, преку формирање на првата иновативна социјална Компанија за производство и продажба на органска, јадлива, висококвалитетна козметика за умна и едноставна хигиена и нега на кожа „Една прави“, со темели изникнати од неиздржливата неправда кон работничките права на самохраните мајки, воспоставувајќи нови стандарди за работни односи, кон жените самохрани мајки“ изјавува претседателката, ЦЕО и основач, Дороти Пачкова.

По оваа акција, следува акција за собирање на храна, за полна празнична трпеза за еднородителските семејства, затоа ги покануваме сите добронамерни, граѓани и компании, да донираат здрава храна (житарки, зеленчуци и овошки, замрзната храна, протеини, јатки, мешунки, зрнасти производи, суви овошја, зачини, чаеви и кафиња, и детска храна) во „Концепт центар Една може!/Една прави“ , благодарение на соработката што организаторот ја има со  Комерцијална Банка, АД Скопје, секој работен ден од 10.00 до 17.00 часот, и на телефонот 025511892.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ