четврток, април 25, 2024
домаАлександар Трајковски и Лаура Папранику-Бејтула добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Александар Трајковски и Лаура Папранику-Бејтула добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Публицистот Александар Трајковски е добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2022 година за остварувања во областа на публицистиката, а новинарката Лаура Папранику-Бејтула е добитничка на наградата за остварување во областа на новинарството.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата на седницата одржана на 24 ноември, врз основа на членовите 1, 2, 7, 12, 16, 17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2022 година (среда) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ