Бразилскиот Национален институт за истражување на вселената (ИНПЕ) регистрираше повеќе од 2.200 пожари за време на прегледот на сателитските слики во регионот Амазон во мај.
Според институтот, ова е скоро 20 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година и претставува најголем број пожари забележани од 2007 година.
Повеќе од 2.000 квадратни километри шума беа уништени меѓу јануари и мај годинава.
Со почетокот на сезоната на суша во регионот на Амазон, експерти и активисти за животна средина обично го огласуваат алармот.
Се претпоставува дека годинава, поради пандемијата на коронавирус, надлежните не го следеле овој проблем поблиску, односно како и обично.
Критичарите исто така ја обвинуваат владата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро дека поддржува уништување на шумите и „тактика на сечење и палење“ на шумите.
Болсонаро, десничарски популист, ја поддржува идејата за економска експлоатација на Амазонија.
Тој беше жестоко критикуван минатата година за разорните пожари во амазонското подрачје.
Критичарите го обвинуваат дека прифатил уништување за да отвори нови области за земјоделство, сточарство и рударство.
Неговиот министер за животна средина, Рикардо Салес, изјави претходно оваа година дека владата треба да го искористи фактот дека вниманието на општеството е насочено кон коронавирусот за олеснување на регулативата за животната средина за подрачјето на Амазонија. А.Р.