сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаАндреа го формира тимот за настап на Евровизија

Андреа го формира тимот за настап на Евровизија

Веќе е познато кој ќе се грижи за изведбата на Андреа Коевска на Евровизија 2022 година.  И грчкиот евровизискиот клуб Огае Грција објави информација, во која како извор го наведува сајтот popup.mk.
Придружни вокали ќе и бидат Рената Кралевска и Ана Петановска. За нејзината кореографија, односно движења ќе се погрижи балерината Билјана Пашариковска, а за стајлингот Цаци Паковска.

Таа настапува во втората полуфинална вечер на 12 мај во Торино, Италија, а финалето на годинашната Евровизија е на 14 мај. Песната Circles е дело на композиторот Александар Масевски а текстот го пишуваа заедно со Андреа. Спотот е сниман во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ