среда, декември 18, 2024
домаСпортОстанати спортовиАТП: Ѓоковиќ суверено на врвот, Зверев го престигна Федерер

АТП: Ѓоковиќ суверено на врвот, Зверев го престигна Федерер

Новак Ѓоковиќ ја минува 315-та недела на врвот на АТП-листата. Александар Зверев го замени Роџер Федерер на шестата позиција, а шампионот од Мајами, Хуберт Хуркач напредуваше за 21 место.

Српскиот тенисер ја држи првата позиција со 11.963 поени. Втор е Русинот Данил Медведев со 10.030, а трет е Шпанецот Рафаел Надал со 9.670. Нема промени во Топ 5 – следат Доминик Тим (8.660) и Стефанос Циципас (7.040).

Александар Зверев се проби на шестата позиција, додека Роџер Федерер падна на седмата. Андреј Рубљов, Диего Шварцман и Матео Беретини се исто така во Топ 10.

Шампионот на Мастерсот во Мајами, Хуберт Хуркач, напредуваше за 21 место и од овој понеделник тој е 16-ти тенисер во светот.

Кога станува збор за играчите од регионот, од српските претставници Душан Лајовиќ заостана за три позиции и сега е 29-ти во поредокот. Филип Краиновиќ направи чекор назад, и е 36. на новата листа. Миомир Кецмановиќ го задржа 46. место, а Ласло Џере остана 57-ми. Никола Милојевиќ напредуваше за 19 позиции и сега е 129-ти. Данило Петровиќ е 161-ви, а Виктор Троицки 197-ми на листата.

Хрватскиот тенисер Борна Ќориќ падна за три места и моментално е 27. играч во светот. Неговиот сонародник Марин Ќилиќ го подобри пласманот за две позиции, и сега е на 43. место.

Словенецот Аљаж Бедене е 58-ми во светот, а Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина е на 126 место. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ