сабота, јули 27, 2024
домаАвстрија ги суспендира Ковид мерките од 5 март

Австрија ги суспендира Ковид мерките од 5 март

Со оглед на тоа што Австрија беше првата земја во Европа што воведе задолжителна вакцинација за сите, во Виена беше објавено дека сите мерки за борба против Ковид 19 ќе бидат суспендирани од 5 март.

На сила ќе остане само мерката за носење маски на одредени места, јавуваат австриските медиуми.

Како што претходно беше најавено, Владата заедно со гувернерите на провинциите треба да донесе одлука за натамошно олеснување на мерките со објаснување дека состојбата во болниците и покрај големиот број новозаразени, е стабилна.

Денеска учесниците на средбата сакаат да го прогласат 5 март за „Ден на слободата“, по примерот на Велика Британија. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ