сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСоцијална политикаБожиќниот концерт ја преполни црквата „Пресвета Богородица“

Божиќниот концерт ја преполни црквата „Пресвета Богородица“

Традиционалниот божиќен концерт на женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“, одржан синоќа, на Божиќ, 7 јануари 2018 година, во Градска православна црква „Пресвета Богородица“, му го даде уште еднаш препознатливото традиционално обележје на град Скопје. Просторот на црквата се исполни до крај, а публиката беше вознесена од изведбата на молитвите и диховните песни, од овој традиционален концерт, насловен „Божик – слава“. Гостуваа и мешаниот хор „Rozafaexpression“ од Скадар, Албанија и професионалниот мешан хор „Про арс“ од Скопје, а како солисти настапија Билјана Стафансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија.

В.Ѓ. Парго

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ