Бразил воведува нов закон со кој по разводот на партнерите ќе се овозможи заедничко старателство над домашните миленици. Ова значи дека поранешните сопружници ќе можат да ја делат грижата за животните, слично како што се дели старателството над деца.
Новите правила предвидуваат милениците да не се третираат само како имот, туку да се земе предвид нивната благосостојба и емоционалната поврзаност со сопствениците. Во случаи кога паровите не можат да постигнат договор, судот ќе одлучува кај кого ќе живее миленикот и како ќе се дели грижата.
Оваа мерка доаѓа како одговор на сè почестите спорови околу милениците при разводи и ја следи практиката која веќе постои во некои други земји. Целта е да се заштити интересот на животните и да се намали стресот што го доживуваат при разделбата на сопствениците.
Н.Д.

